Приватниот живот на Осимен е нешто посебно

1290
epa10122779 Napoli's Victor Osimhen celebrates scoring the 1-2 lead goal during the Italian Serie A soccer match Hellas Verona vs SSC Napoli in Verona, Italy, 15 August 2022. EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Нигерискиот напаѓач, Виктор Осимен, игра фантастично во дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи и е предводник на тимот кој со крупни чекори се доближува до популарното „скудето“ во Серија А. Овој 24-годишен фудбалер прави магични работи на зелениот терен, но надвор од него води мирен живот заедно со својата девојка Стефани и ќерката Хејли.

Благодарение на одличните игри, Осимен, го привлече вниманието на најбогатите европски клубови, а фудбалските медиуми се убедени дека Нигериецот ќе биде најбараниот играч за време на летниот преоден рок.

Осимен со месеци е нерешлива енигма за противничките дефанзивци, а и надвор од зелениот терен е нешто посебно затоа што на секаков можен начин се грижи за сопствената приватност и за приватноста на неговата фамилија.

Виктор заедно со својата партнерка Стефани и ќерката Хејли живеат во мирната населба Виале Коста. Слободното време најчесто го поминува во својот дом и ретко може да се види на улиците во Наполи.

Никогаш нема да го видите како се забавува во некаков ноќен клуб, а својот дом го напушта само кога оди во црква или на фризер. Често пари својата фамилија ја носи во Лондон или Париз каде што може мирно да шета бидејќи таму не е толку познат во споредба со Италија.

Иако користи неколку социјални мрежи, Осимен не постира фотографии од девојката или ќерката. Исто така мора да се истакне дека Виктор често пати донира храна, пари и облека за бездомниците во Африка и за тие кои живеат во населбата Ватсо во Наполи.

Таков мирен живот Нигериецот може да има само во Италија, но од ден на ден се поголем и поголем е интересот на англиските премиерлигаши кои се подготвени да потрошат сериозна парична сума за неговото обештетување.

Челниците на Манчестер Јунајтед и на Челзи се подготвени да одвојат 150 мил. евра за неговото обештетување, а голем интерес покажуваат и тие на ПСЖ. Кога е во прашање актуелната сезона, Осимен одигра 29 натпревари во дресот на Наполи на кои постигна 25 погодоци и запиша пет асистенции.