Претставници на верските заедници засадија дрвја во Градски парк

136

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, известува дека денес во Градскиот парк во Скопје се одржа настанот „Заедно за чиста животна средина“ при кој претставници на верските заедници засадија дрвја, во рамки на манифестацијата „Недела на заедничка молитва“.

– Со оваа заедничка активност ја истакнуваме заедничката грижа за животната средина. Верските заедници како морален авторитет во општеството градејќи меѓусебна соработка и пријателство мора да преземаат заеднички проекти за подигање на општествената свест за екологијата – велат од Државната комисија за односи со религиозни заедници и групи.