Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја претстави топката, која ќе се користи во финалето во Лигата на шампионите. Топката за финалето ја изработи партнерот на УЕФА, компанијата „Адидас“. Финалето ќе се игра на 30 мај на „Ататурк“ во Истанбул.
Инаку, во ЛШ, вечер во 21 часот стартува осминафиналето со натпреварите: Атлетико Мадрид – Ливерпул и Борусија Дортмунд – ПСЖ.