Претставена картата на француските департмани за излез од мерките на ограничување

42

Министерот за здравство Оливие Веран ја откри оваа картата на Франција на која се претставени департманите во три бои според нивната погодност од коронавирусот и подготвеноста за излез од ограничувачките мерки: црвена, портокалова и зелена, јави дописникот на МИА.

Департманите во зелена боја се подготвени за постепено подигање на мерките на ограничување од 11 мај, тие што се во црвена не ги исполнуваат условите и ќе останат со истите мерки на ограничување, а тие кои се обоени во портокалова боја можат да преминат според податоците во едната или другата фаза.

Париз е категоризирана во црвена боја на картата.

Оваа карта ќе се ажурира секој ден, во зависност од еволуцијата на Ковид-19 во департманите, а ќе биде „кристализирана“ на 7 мај.

Критериумите за проценка се засноваат на три столба: стапката на зараза кај населението, бројот на места што се достапни во болницата и можноста за брзо тестирање на населението.

Извор:МИА