Се очекува Блерим Река, кандидат на минатите претседателски избори во Македонија, да биде назначен за косовски министер за надворешни работи во владата Крути, објавуваат Косова њуз и другите косовски медиуми.

Според медиумите на албански јазик во Македонија, професорот по меѓународно право Блерим Река е еден од тројцата кандидати за функцијата косовски министер за надворешни работи во коалициската влада ЛВВ-ЛДК.

Веста првично ја објави новинската агенција ИНА повикувајќи се на партиски извори, кои признаа дека Река е еден од можните кандидати за министерската функција во Косово, со оглед на неговата блискост со Албин Курти.

„Да, се разгледува и кандидатурата на професорот Река, но сè уште нема ништо официјално“, изјави за ИНА партиски извор на движењето Самоопределување.

Професорот Река беше дел од политичката структура на ОВК во Приштина заедно со Албин Курти, чијшто водач за време на војната во Косово беше Адем Демачи. Тој беше советник за меѓународни односи.

Како кандидати за министер за надворешни работи беа споменати и Ветон Сурои и Дитмир Бушати.