Според првичните неофицијални резилтати на хрватската државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани 66,57 отсто од гласовите, во водство е Зоран Милановиќ за кого гласале 3.35 отсто од избирачите.
Втора според бројот на гласови и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 27,32 отсто, со што ја намали разликата со Милановиќ која беше поголема во почетокот на пребројувањето на гласовите. Трет е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 23.52 отсто. Пребројувањето на гласовите продолжува.