Претседателот Трамп во посета на Велика Британија, Кралицата ги прими во Бакингемската палата/видео

781

Американскиот претседател Доналд Трамп тридневната посета на Велика Британија денеска ќе ја почне со средба со кралското семејство и со ручек со кралицата Елизабета во Бакимгемската палата.

Посетата е планирана повеќе месеци, а е по повод одбележувањето на 75-годишнината од Денот Д – истоварувањето на сојузниците во Нормандија.

Трамп пристигнува во Лондон во момент на превирање за Брегзит и најавената оставка на премиерката Тереза Меј.

На првиот ден од посетата на американскиот претседател закажани се протести.

По ручекот со кралицата претседателот на САД и првата дама Меланија Трамп ќе ја посетат Вестминистерска палата и ќе положат венец на гробот на непознатиот јунак.

Меланија попладне ќе се сретне со принцот Чарлс, додека за вечерва планиран е банкет.

Трамп утре ќе се сретне со Меј, само неколку дена пред таа да замине од функцијата в петок, а предвидена е и средба со американски и британски бизнисмени.

Посетата на Трамп на Велика Британија ќе заврши со голема церемонија во јужниот град Портсмоут на одбележување на Денот Д, кога на 6 јуни 1944 година се истоварија околу 160.000 американски, француски и други сојузнички војници во Нормандија, западна Франција, која беше окупирана од Германија за време на Втората светска војна.

Трамп потоа ќе отпатува за Ирска и Франција.