Претседателот Пендаровски се сретна со музичката ѕвезда Ерос Рамацоти

200

Претседателот Стево Пендаровски пред вечерашниот концерт во Скопје, се сретна со големата ѕвезда, музичарот Ерос Рамацоти. На својот Фејсбук профил Пендаовски објави неколку фотографии од средбата и откри за што зборувале.

„Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Eros Ramazzotti остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета не ја пропуштија можноста да го следат концертот на Ерос Рамацоти во живо во А1 Арената во Скопје.