Претседателот Пендаровски на првата самостојна изложба на студентката Љоровска/ФОТО ГАЛЕРИЈА

88

Претседателот Пендаровски ја посети првата самостојна изложба на Вероника Љоровска, студентка на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, со наслов „Мојот свет во боја“, која се отвори во галеријата КО-РА при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

Фото: Н.Батев

Присутните имаа можност да проследат четириесетина дела изработени во повеќе техники: молив, јаглен, туш, фломастер, темпера, колаж, асамблаж, енформел, слики изработени во повеќе димензии. Оваа камерна изложба се организира на иницијатива на проф. д-р Јана Манева-Чупоска.

Идејата за организирање на изложбата на студентката Вероника Љоровска е да се даде поддршка на лицата со посебни потреби како еднакви граѓани во нашето општество и нивното право на високо образование.