Претседателот на Колумбија ги повика ОН да го легализираат кокаинот

68
„Што им нанесува повеќе штета на луѓето? Кокаинот или емисите на согорени јаглеводороди, вклучувајќи ја  нафтата“, праша Петро, пренесува Ројтерс.

Петро положи заклерва на 8-ми август, а една од точките на неговата пробрама беше повикување на меѓународната заедница да ги декриминализира наркотиците.

„Дојде време да се усвои нова меѓународна конвенција со која се признава дека војната против дрогата доживеа неуспех. Секако, мирот е можен, но зависи од тоа дали досегашната политика кон рогите ќе биде заменета со одлучувачки мерки за спречување на употребата во развиените земји“, нагласи Петро.

Додаде дека има намера веднаш да ја забрани експлоатацијата на новите нафтени полиња, вадењето нафта од шкрилци и постепено целосно откажување од производство и извоз на јаглеводород.

Покрај тоа, Колумбија е еден од најголемите извезувачи на јаглен. Јаглеводородите сочинуваат половина од извозот на земјата, а колумбиските резерви на овие суровини се огромни. Растот на производството на нафта  ги ограничуваат само политичката нестабилност и бунтот.

Колумбија, Мексико, Авганистан и Мјанмар важат за најголеми извозници на наркотицви на светскиот пазар.