Претседателот на Кипар ги информирал лидерите на земјите- членки на ЕУ за кипарското прашање

29

Претседателот на Кипар Никос Христодулидис за време на Самитот на ЕУ во Брисел ги информирал лидерите на земјите членки на Унијата за кипарското прашање, односно за неговиот пристап кон проблемот, објавија кипарските медиуми повикувајќи се на свои извори.

Според истите информации, Христодулидис го повторил неговиот јавен повик за поголема улога и вклученост на ЕУ во напорите за решавање на прашањето.

Информирањето било во формат нс брифинг без дополнителна дискусија.