Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, оствари средба со Михаил Рот

58

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг Михаил Рот.

На средбата, како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, претседателот на партијата Мицкоски ја истакнал благодарноста за помошта која досега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.

– Претседателот истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа. Беше предочено дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Претседателот на партијата Мицкоски меѓу другото истакнал и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително била истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.