Претреси кај новинари и активисти во Белорусија

24

Властите во Белорусија извршиле претрес на домови на десетици новинари и активисти.

Како што соопшти организацијата за човекови права Вијасна, независни новинари и активисти за човекови права во најмалку 9 белоруски градови биле испрашувани, а нивните телефони и компјутери биле запленети.

Во главниот град Минск властите извршиле претрес во домовите на 10 лица осомничени за финансирање антивладини собири и ширење информации оквалификувани како екстремистички.

Активисти и публицисти во Брест, Витебск, Могилев, Гродно, Мозир и други градови, исто така, биле предмет на слични претреси и приведувања.

Мета биле и водачите на локалните организации во Гомел и Речица на Обединетата граѓанска партија, која е најстарата опозициска партија во Белорусија.