Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени дилери

59

МВР информира дека вчера во Кочани биле уапсени двајца дилери, Е.Д.(45) и К.А.(33), кај кои била пронајдена дрога.

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера го лишиле од слобода кочанчанецот Е.Д.(45) откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана.

-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Полициски службеници вчера го лишиле од слобода и К.А.(33) од Кочани откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

-Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР. и