Претерав со мојот порок, мора да намалам

97

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари потврди дека тренерската работа е многу стресна, а кај него предизвикувала желба за многу цигари, особено по натпреварите.

Искусниот стручњак откри дека до пред извесен период пушел по 60 цигари дневно.

  • Пушев 60 цигари дневно, што е веројатно премногу. За време на натпреварите немам посебна желба за пушење, но веднаш по нивното завршување потребен ми е овој порок. Сигурно оваа моја лоша навика влијае на моето здравје. Имав одредени проблеми со мојот грб, но сега се чувствувам многу подобро, изјави Сари.

Доскорешниот менаџер на Челзи си зададе задача да го сведе на минимум користењето цигари, а ако успеа целосно да ги отфрли.

Со оглед на големиот притисок кој го носи неговата функција во италијанскиот шампион, останува да се види како Сари ќе се справи со цигарите.