Престижна меѓународна награда за градоначалникот Зоран Ногачески

105

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, доби престижна награда за најдобри практики за заштита на животната средина на големиот Меѓународен саем за земјоделство што се одржува во Нови Сад, Србија.

Наградата му е доделена за неговото заземање за решавање на дел од најголемите проблеми со кои се среќава Општината Дебрца, а како еден до најголемите предизвици што се соочи по стапувањето на градоначалничката функција беше справувањето со идејата за изградба на регионална депонија на територијата на општината. Ногачески и неговиот тим беа децидно против оваа идеја, за која истакна дека ќе резултира со загадување на недопрената природа во општината и со далекосежни последици во иднина.

Во насока на зачувување на околината, општината спроведува редовно и континуирано чистење на општината од мини депонии, во насока на чиста и зелена Општина Дебрца. Тие еколошки активности се одвиваат под мотото „Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!“.