Препреките за „Северен тек 2“ надминати

61

Германија и Франција постигнале компромис за изградба на гасоводот Северен тек а благодарение на тоа проектот нема да биде блокиран, дознава Франс прес.

Како што наведува француската агенција, постигнатиот компромис се однесува на правила на транспортниот гас, а во случајот овој договор да биде усвоен, Франција ќе даде согласнот и на усвојување нови европски правила кога се работи за транспортот на гас.

Претходно медиумите пренесоа дека Париз планира да му се спротивстави на Берлин поради проектот „Северен тек 2“ и тоа при гласањето за измените на правилата на Третиот енергетски пакет, кој е закажан за денес.

Според овие измени, кои Европската комисија ги предложи во 2017-та година, на гасоводи од третите земји би требало да се применуваат правила на внатрешните пазари, пред се да се забрани снабдевање со гас ако таа страна истовремено е и оператор на гасоводот.