Препознајте ги знаците: Како да знаеме дека сме го прележале коронавирусот

644

Се проценува дека 10 до 30 проценти од луѓето кои претходно биле здрави, доживеале само блага форма на коронавирус, но не се опоравиле целосно на долг рок.

Долгиот ковид потврдува дека симптомите што остануваат по болеста можат многу да влијаат на животот. Една неодамнешна студија во Англија, на Државниот завод за статистика, објави листа на најчести симптоми кои се појавуваат откако сте ја имале болеста, но исто така не исчезнуваат толку брзо.

Се чувствувате целосно исцрпени

Хроничниот замор е најчесто пријавениот симптом на болеста, во овој случај вие не само што ќе се чувствувате поспано, туку нема да функционирате како пред болеста.

„Како некој да те тепа и постојано се повторува“, вели Пол Гарнер, професор на Универзитетот во Ливерпул. Но, тој додаде дека првите два месеци по болеста биле многу тешки за него лично, дека состојбата сега се подобрува, но дека тој сѐ уште се чувствува многу уморен, има магла во главата и не може добро да се концентрира, како и дека справувањето со тоа е предизвик на дневна основа.

Краток здив

Ковид 19 е првенствено респираторно заболување и штетата што ја прави на белите дробови тешко се исправа. Иако некои луѓе, се разбира, немаат никакви проблеми, оние што ја доживеале оваа состојба можат да страдаат од краток здив долго откако ќе се заразат. Ова е вториот најчест симптом на долг ковид.

Ве болат мускулите

Д-р Ентони Фаучи, предупредува дека долгиот ковид често дава симптоми на болка во мускулите и зглобовите, заедно со треска, замор и когнитивни проблеми, како што се проблеми со меморијата. Тој додава дека овие луѓе ги имаат споменатите симптоми долго по самата болест, и тие не исчезнуваат.

Проблеми со концентрација

Еден од вообичаените симптоми што се гледа кај луѓето кои ја прележале болеста е нешто што тие го опишуваат како „магла“ во мозокот, а исто така може да се однесува на проблеми со краткотрајна меморија, губење на меморијата, општа конфузија, проблеми со концентрација, односно – се чувствуваат поинаку отколку што се чувствувале пред самата болест.

Значи, може да имате долгорочни последици, а маглата во мозокот е една од нив. Овие проблеми, се разбира, не се незначајни.

Може да имате главоболки

Тешките главоболки можат да бидат предизвикани од проширување и стегање на крвните садови во мозокот, а проблемот може да се појави и кај децата.

„Ги испитувавме симптомите на долгорочен ковид кај децата и, за жал, забележавме дека тие се јавуваат и кај нив, најчесто во форма на замор и главоболки“, објасни Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести.

Воспаление на срцето (срцевиот мускул)

“Откривме дека има пациенти кои целосно се опоравиле и се чини дека немаат никакви симптоми, но кога пациентот се испитува, на пример со магнетна резонанца, се забележуваат голем број на оние со воспаление. Таквите податоци ни кажуваат дека мора да бидеме послушни, се додека целосно не ја разбереме природата на оваа болест “, истакна Фаучи.