Премногу тажно, Марина Туцаковиќ и понатаму води тешка борба со ракот

1581

Балканската хит-мејкерка Марина Туцаковиќ, позната по многу незаборавни песни, веќе со години води тешка битка со тешко опасниот карцином, со ракот. Болеста многу ја упропасти, ја исцрпи и го загрозува животот, но храбрата Марина не се предава. Сега е на планината Златибор каде одмора со многу надеж дека сè ќе биде во ред.

-Вчера дојдов на Златибор. Дојдов на неколку дена да се одморам од градот. Многу ми годи овој чист воздух. На терапија сум! Се чувствувам, ништо посебно, искрено да ви кажам. Не е најдобро баш, но не е ни толку лошо. Не ги знаеме резултатите, дури во февруари ќе ги дознаеме резултатите кога ќе имам и контрола. Знаете како, целиот живот сум ја гледала онаа подобра страна дека сè ќе биде добро. Како и секогаш позитивно размислувам, порача Марина Туцаковиќ, додавајќи дека поодамна, за жал, не напишала ниту една нова песна.

– Спие цел ден, не станува од кревет. Уморна е и здробена. Но, нека, нека одмори. Не ја допирам, објаснува нејзиниот сопруг. Јас подготвувам сè што и треба, и носам храна, а нејзино е само да се одмори и да не биде изложена на стресови. Марина моментално е во таква фаза, нема сила да зборува, па затоа не одговара на телефонски повици.

Покрај тоа, сопругот Александар истакна колку е згрозен од одредени медиуми кои емитуваат неточни информации за здравјето на Марина.
– Таа не умира, како што велат, тоа е само таков процес со сите тие терапии. Да се чувствувате лошо е само очекувана реакција. Само да издржи уште десет дена, па ќе биде подобро, вели грижниот сопруг.