Премиерот на Украина поднесе оставка

53

Украинскиот премиер Алексеј Гончарук поднел оставка и за оставката го информирал претседателот на Украина Владимир Зеленски.

Медиумите шпекулираат дека причина за оставката на премиерот е објавеното видео на кое Гончарук го критикува претседателот Зеленски.

„Ја презедов функцијата премиер за да ја реализирам програмата на претседателот Володимир Зеленски. Тој за мене претставува пример за отвореност и праведност. Сепак, за да се отстранат сите сомнежи, јас дадов оставка, напишал Гончарук на фејсбук.

Набрзо по оставката се огласи и кабинетот на претседателот на Украина Зеленски со соопштение дека оставката на Гончарук пристигнала , и дека претседателот ќе ја разгледа многу брзо.