Премиерот на Романија казнет со 500 евра: Пушел во својот кабинет и не носел маска/ФОТО

54

Романскиот премиер, Лудовик Орбан, и четворица министри морале да платат казна поради непочитување на корона-мерките. Тие, според пишувањето на романската агенција „Медиафакс“, платиле казна затоа што не носеле заштитни маски на роденденската забава на премиерот во неговиот кабинет.

Фотографијата од роденденската прослава стигнала до јавноста поради што Орбан морал да плати 2.500 леи (околу 500 евра), затоа што не носел заштитна маска и пушел во својот кабинет.

Казна во ист износ треба да плати и шефот на романската дипломатија, Богдан Ауреску, кој исто така пушел.


Пушењето на јавни места е забрането со години во Романија, а поради коронавирусот, предвидена е и обврска за носење маска. Министерот за економија, Виргил Попеску, и министерот за транспорт, Лучијан Боде, добија помали казни бидејќи не носеле маски.

Потпретседателот на владата, Ралука Туркан, доби најмала казна, само 1.000 леи, затоа што на прославата имал маска, но не на устата и носот, туку околу вратот.