Премиерот Заев, домаќин на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск: Подготвени сме за обележување на заеднички успех со добивање одлука за почеток на преговорите.

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска е домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој заедно со делегација од Советот ја посети земјава, во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Премиерот Заев и претседателот на ЕС Туск придружувани од членови на делегациите на Владата и на Европскиот совет во Владата одржаа билатерална средба на која беше изразена благодарност за заложбите и поддршката на Туск за обезбедување напредок на Македонија на нејзиниот пат за интеграција во Европската Унија, соопшти владината прес служба.

Премиерот Заев на средбата изразил благодарност за личната заложба на Туск за обезбедување гаранции за реална европска перспектива за целиот регион истакнувајќи го напредокот на земјата, во поглед на остварување на реформската агенда, особено во областа на владеењето на правото.

фото Н. БАТЕВ 

ПОВЕЌЕ

Пендаровски – Туск: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат европска иднина