Премиерлигашки дуел за Озер

90

Големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Ливерпул, со големо внимание ги следат настапите на првиот голман на турскиот гигант Фенербахче, Берке Озер.

Благодарение на одличните партии во изминатата сезона, Озер го привлече вниманието на европските гиганти, но турските медиуми открија дека најзаинтересирани за неговите услуги се актуелниот европски клупски шампион и шампионот на Англија.

Неофицијално двата тима се подготвени да одвојат околу 15 мил. фунти за неговите услуги.