Премиерлигашки дуел за Кулибали

62

Големите ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Ливерпул, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на централниот дефанзивец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали. Сенегалскиот интернационалец е дефиниран како идеална замена за тешко повредениот холандски интернационалец Вирџил ван Дајк, но двата клуба ќе мора да испратат официјална понуда која нема да биде помала од 70 мил. евра.