Премиерлигашите збеснаа по Кутињо

94

Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ ја пласираше и информацијата дека најмалку пет клуб кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Филипе Кутињо.

Офанзивниот играч за врска актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на Баерн (М), но германскиот клуб не сака да го откупи неговиот договор. Според истиот медиум, понуда за Кутињо ќе испратат челниците на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Њукасл, Челзи и Лестер.