Премиера: фолк-пејачката Сандра Африка се почести со јахта од 500 илјади евра! Сандрица, не ти треба факултет!

228

 

Атрактивната фолк-пејачка Сандра Африка не прекинува да предизвикува на секаков можен начин. Некогаш со песните, некогаш со изјавите, а многу почесто со сето она што го има, со секоја своја скапоцена недвижност. Ова жешко лето, најмногу предизвикува со новата луксузна јахта што е во нејзина сопственост.

– Оваа јахта ја чини Африка околу 500.000 евра. Тоа и не се некои пари за неа, бидејќи толку многу заработува што може да си купи што сака  – вели еден нејзин интимен пријател.

Јахтата на Африка има две големи спални соби, а надворешниот дел е како во рај, со фантастичен поглед на морската шир. Луксузот е и во тоа што ќе може да се надгледува јахтата и преку модерните мобилни телефони. Сепак, да нема непредвидени ситуации, за целосна безбедност, Африка ангажирала обезбедување. Таа само ќе одмора, со часови ќе гледа во морето и ќе прима одбрани гости. Наскоро, на јахтата ќе направи промоција на новите песни, на која ќе бидат поканети само новинари. Неодамна, на јахтата ја нагости екипата на телевизијата „Пинк“, која на самото место направи ексклузивна репортажа за тв-емисијата „Премиера“. (Д.М.)