Прелиминарна електронска распределба на социјални станови во Гостивар

21

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи денеска ќе присуствуваат на прелиминарната електронска распределба на станови за социјално ранливи семејства во Гостивар.

Со јавниот оглас кој траеше од 3 март до 4-ти април предмет на распределба беа 70 социјални станови во зградa на улицa „ЈНА“ бр. 283-Б во Гостивар  изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на општина Гостивар, а согласно Рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија

Право на аплицирање имаа шест категории  социјално ранливи семејства, утврдени со Методологијата за распределба на овој тип социјални згради.