Прекршочна пријава и санкции против сторителот

97

Во месноста под Кале лоциран и фатен е сторител кој врши спалување на кабли.

Како што информираат градските власти, против него ќе биде поднесена прекршочна пријава и истиот ќе биде санкциониран.

Исто така, по пријава од граѓани за загадување на река Серава, дежурните инспектори на Град Скопје во координација со инспекторот за животна средина од општина Карпош веднаш излегле на лице место. Од фотографиите кои се направени долж река Серава, може да се забележи дека водата е црвена.

Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека се работи на пронаоѓање на сторителите.