Прекин во водоснабдувањето во населба Хром

47

Скопската населба Хром, вечерва е без вода, поради дефект во системот .

Од 20.45 часот вечерва прекинато водоснабдување имаат корисниците од населба Хром, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот е поради дефект на затворач (шибер) на улица „Воин Драшкоци“ број 30 и ќе трае до неговото отстранување.