Актуелното Европско првенство во фудбал, меѓу другото, беше обележано со бројни упади на навивачи на теренот. Некои успеаја да го измамат обезбедувањето за да ја постигнат својата цел, а едно момче отиде толку далеку што слета на теренот со параглајдер.

Целта е да се биде во центарот на вниманието, а мотивите се различни…

Активист на „Гринпис“ ја шокираше планетата пред почетокот на натпреварот помеѓу Германија и Франција, кога со параглајдер слета на „Алијанц Арената“.

Тој имал намера да го прелета стадионот и да ја фрли топката со слоганот „Исфрлете ја нафтата“ на терен, со цел да го сврти вниманието на јавноста кон заштитата на животната средина.

Сепак, работите тргнаа наопаку. Тој ги пресече телевизиските кабли на покривот на стадионот, а парчињата пластика и метал што паднаа на трибината повредија неколку лица и момчето слета на теренот.

Атрактивната бринета, која истрча на теренот на натпреварот помеѓу Белгија и Финска, на тој начин сакаше да рекламира една криптовалута.

Последниот инцидент се случи на натпреварот помеѓу Португалија и Франција. Фан на Кристијано Роналдо го измами обезбедувањето и притрча кон еден од најдобрите фудбалери во светот.

Имаше потера по момчето кое сепак успеа да го прегрне Роналдо додека тој се спротивставуваше на потегот на навивачот и го оттргна од себе.

Споменатите инциденти многумина ги потсетија на скандалот што се случи во 2019 година за време на последниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Тогаш, мечот го прекина атрактивната русокоса Кинси Волански, а по тој упад нејзиниот живот целосно се промени.

Кинси тогаш беше во врска со славниот јутјубер Здореветски. Волански облече маичка со реклама за својата страница и истрча на теренот полугола.

Згодната русокоса стана голема ѕвезда од таа вечер. Страницата на нејзиното момче „експлодира“, а Кинси доби милиони следбеници на социјалните мрежи.

Благодарение на храбрата акција на стадионот, Кинси денес заработува милиони од следбениците на социјалните мрежи. Таа максимално ја искористи својата популарност, а исто така го лансираше брендот „KinseyFit“.

Таа има повеќе од 3.700.000 следбеници на Инстаграм, а исто така е исклучително популарна и на Тик-Ток мрежата (2.500.000).

После тоа финале, атрактивната русокоса доби и улоги во три филма.