Пристапот до интернет во Багдад и во поголемиот дел на Ирак е прекинат, соопшти компанијата „НерБлокс“.

– Во времето на објавување, интернет конекцијата е помала од 19 проценти од нормалното ниво, а што се однесува на милионите корисници во Багдад, Басра, Кербала и другите центри, се наведува во соопштението.

Антивладините протест во Ирак почнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и немање основни услуги. Во судирите помеѓу полицијата и демонстрантите досега загинаа најмалку 250 луѓе.

Ирачките власти за време на протестите и претходно го имаа оневозможено пристапот до интернет.