Прекинато водоснабдување на неколку улици во Чаир

213

Прекинато водоснабдување денеска од 11:30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Белградска“, „Самарџиска“ и „Алберт Станиќ“ во населбата Чаир.

Од јавното претпријатие „Водовод и Kанализација“ информираат дека прекинот е  поради дефект на улица „Никола Мартиновски“, број 21, во населбата Чаир, и ќе трае се до санирање на дефектот.