Презентација на проектот за реконструкција на улицата „Антон Кецкаров“

65

Општина Ѓорче Петров со задоволство ги поканува сите жители на општината со живеалиште на улицата „Антон Кецкаров“,  да присуствуаат на презентацијата на основниот проект за реконструкција на оваа сообраќајница, во рамките на проектот „За поврзување на локални патишта“, финансиран од Светска Банка, а спроведуван од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.

Презентацијата ќе се одржи на 5 октомври, во дворот на Општината, со почеток во 13 часот.

Како што информираат од локалната самоуправа, целта на проектот е да се подобри патната инфраструктура и поврзувањето на локалните патишта.

При организација на презентацијата, ќе бидат запазени сите здравствени протоколи, односно физичка дистанца, носење заштитни маски и користење средства за дезинфекција, со цел спречување на ширење на вирусот Ковид-19. Задолжително е носењето на заштитна маска за сите присутни.