Преживеала две војни, а сега и коронавирусот: Баба од 104 години симбол на надеж во Италија

208

Сто и четиригодишната Ада Занусо од Италија е симбол на надежта во напатената Италија, земја што се бори со пандемијата на коронавирус, откако ја победи оваа тешка болест.

Бабата Ада, во своите 104. години, успеала да преживее две војни, но и да се бори против новиот коронавирус, со што станала една од најстарите лица во светот што го победи Ковид-19.

Родена е во 1916. година, а во последните неколку години живеела во дом за стари лица во Лесона, во областа Биела, каде новиот вирус ги земал животите на повеќе станари на овие домови, пренесува Ла Република.

По потекло е од Венето, а во 1947. година со сопругот и првото од четирите деца се преселила во провинцијата Биела. И покрај тоа што секогаш била со генерално добро здравје, пред неколку години откако го скршила колкот, таа морала да биде сместена во дом недалеку од својата куќа.

“Беше лошо на почетокот на март. Таа имаше треска и повраќаше. Не можев да ја најдам затоа што посетите беа забранети поради пандемијата, но можев да разговарам со неа секој ден. Се разбира, веднаш се сомневав дека може да биде коронавирус, затоа што веќе имаше неколку инфекции во старечкиот дом “, рекол нејзиниот син Џампиеро.

Сепак, на 17. март беа тестирани лица над 100 години, а неколку дена подоцна резултатот беше позитивен. Но, во тој момент, мајка ми беше во ред, веќе се опоравуваше “, рекол нејзиниот син.

Но, кога Ада дознала дека е заразена, таа веќе била на патот за закрепнување, откако ја надминала кризата од една недела.

Нејзиното закрепнување го потврдила лекарка задолжена за нега на стари лица.

„Таа веќе станува од кревет и седи на стол. Нејзиното закрепнување е голема радост и награда за сите што се грижеа за неа во овие тешки денови“, рекла таа.