Пред тргнување наполнете го резервоарот до “даска“: Грција има најскапо гориво

147

Летната сезона започна сериозно и сите што ќе се одлучат да отпатуваат на море во соседството со автомобил треба да очекуваат значително повисоки цени на горивото од претходните години. Во последните месеци, поради настаните во Украина, цената на горивата расте низ целиот свет.

Меѓу првите пет земји со најскапо гориво во светот е и Грција, дестинација која Македонците често ја избираат за летниот одмор.

Кога станува збор за цената на дизелот, Грција е и меѓу најскапите во светот со цена од 2,11 евра. Според веб-страницата Globalpetrolprices.com, Грција е на петтото место во светот по цена на бензинот од 2,4 евра. Пред Грција на оваа листа се само Хонг Конг, Финска, Исланд и Норвешка.