Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во својата кариера е познат како еден од најиздржливите и најсикните на теренот. Тој заедно со моментно светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер е рекордер по брјот на освоени грен слем титули, а за тоа покрај тренингот и талентотзаслужна е и посебната исхрана.

Неговото тело сега изгледа импресивно, а како што Новак многу внимание посветува на исхраната, исто така и Надал внимава што јаде. Тој пред секој меч јаде леб сомаслиново масло, пршута и цеден сок, класична шпанска ужинка. Што се однесува до поголемите оброци, истакнува дела сака морски плодови и риба.

Како и сите спортисти сака паста и ориз, особено на денот кога игра натпревар. Позната е и неговата опседнатост со хидрирање и тоа дека на секој натпревар има иста положба и распоред на шишенцата со вода и енергетски пијалоци. Вели дека му е многу важно да се хидрура за време на мечоит, бидејќи на тој начин ја чува силата.

По мечот сака да јаде шкампши или некои други морски плодови, а со тоа и зелена салата и маслинки.

-Јас обожувам маслинки. Тие можеби се здрави, но не во количина во која јас ги консумирам, а покрај маслинки, сакам да јадам и многу чоколадио, откри Надал.

Покрај чоколадо, понекогаш знае да испие и по некоја чашка алкохол, но тоа е многу ретко.

Надал пред извесен период го оперираше саталото, но според зборовите на неговиот поранешен тренер Тони Надал, ќе биде спремен за настап на Австралија опен. Претходно ќе настапи на егзибиционен турнир ов Абу Даби од 16 до 18 декември.

-Мислам дека се ќе биде како што треба до Австралија опен. Секој ден тренита се повеќе и повеќе и веруваме дека во декември ќе се врати во најдобра форма, откри Тони.

Австралија опен стартува на 17 јануари, а Надал само еднаш го има освоено вој турнир. Бранител на титулата е Србинот Новак Ѓоковиќ и рекордер со девет титули на на турнирот во Мелбурн.