Пред претседателските избори в петок во Иран се повлекоа уште двајца кандидати

25

На претседателските избори в петок ќе се соочат петмина кандидати, откако денеска, на последниот ден од кампањата од трката се повлекоа двајца кандидати, со што е намалена можноста за изнедување на тие избори, јави Би-Би-Си.

Поранешниот гувернер на иранската провинција, Исфахан Мохсен Мехрализад, најави повлекување со писмо до Министерството за внатрешни работи допдека пратеникот Алиреза Закани, кој беше дисквалификуван од претседателската трка во 2013 и 2017 година, исто така, ја повлече својата кандидатура. Со тоа се зголемија шансите на Ебрахим Раизи, сојузник на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, во чии раце, според аналитичарите, е сконцентрирана вистинската власт во земјата. Конзервативниот Раизи е актуелен шеф на правосудството во земјата.

Минатиот месец, Изборната комисија одобри седум кандидати за трката и дисквалификуваше неколку истакнати кандидати.

Актуелниот шеф на државата Хасан Рохани, кој се смета за претставник на т.н.умерено движење во иранската политика, беше избран во 2013 година со ветување за дипломатско отворање и либерализација на општеството. Четири години подоцна тој беше реизбран, но во текот на вториот мандат стана исклучително непопуларен, коментираат западни медиуми.

Доколку се потврдат прогнозите и Раизи победи уште во првиот круг на изборите на 18 јуни и покрај предвидувањата за ниска изборна активност, тоа ќе претставува неуспех за владеењето на Рохани