Џарет Палмер, студент трета година на универзитетот „Висконсин“, стана главна тема во американските медиуми откако објави стар твит од 2016 година во кој предвидел нешто што полека се остварува.

Во тоа време Палмер напишал дека во 2021 година во финалето на НБА ќе играат Милвоки и Феникс, што воедно и се оствари, а потоа дека Бакси ќе слават во седниот натпревар со 123:115. За второто предвидување ќе треба да почекаме, зато што првиот натпревар од финалната серија е закажан за ноќта меѓу вторник и среда.

Ова предвидување е неверојатно бидејќи и двата тима во таа 2016 година беа само топовско месо за противниците, па никој не ни помислуваше дека пет години подоцна ќе се борат за титулата.

Феникс во тоа време беше убедливо последен на Западот со 24-58, додека Милвоки се наоѓаше на средината на табелата во источната конференција со учинок од 42-40.