Пред летот од површината на Марс, роверот Perseverance направи „селфи“/ФОТО

270
Селфи на роверот Perseverance и дронот Ingenuity на Марс (Фото: NASA.gov)

Роверот Perseverance на Црвената планета слета спектакуларно на 18 февруари со дронот Ingenuity прицврстен за неговиот главен дел. Дрон-хеликоптерот ќе биде првото оперативно летало на Марс кога ќе се дигне во воздух на површината на планетата и ќе почне да ја истражува областа околу роверот од висина, пишува Zimo.

Тестниот лет би требало да се случи во наредните неколку дена.

Perseverance го направи селфито на 6 април, на кое тој и Ingenuity се оддалечени 3,9 метри еден од друг. Селфито е составено од 62 фотографии што ги направила WATSON камерата на роверот, поставена на SHERLOC инструмент, кој се наоѓа на самиот крај на долгата роботска рака.

Научниците ги споиле фотографиите во едно големо селфи. откако од Црвената планета стигнале на Земјата. Тие направиле кратка анимација на која Perseverance гледа малку кон камерата, малку кон Ingenuitiy.