Пред да биде закопан, Марадона останал без срце

36

Познати се неколку нови детали околу истрагата која се води во Аргентина, а се однесува на смрта на легендарниот фудбалер, Диего Армандо Марадона. Во јавноста беше овјавена и информацијата дека една навивачка група планирала да го украде срцето на Марадона пред да биде извршен погребот. Марадона почина точно пред една година од срцев удар, а неколку дена претходно му беше извршена операција на главата и му беше изваден хематом од мозокот.

Познатиот аргентински новинар и доктор, Нелсон Кастро, кој е автор и на книгата „Здравјето на Диего: вистинска приказна“, откри дека легендарниот фудбалер бил зависен од „се што било деструктивно за него“, но имал отпорно тело, и благодарени на телото Марадона живее подолго од тие кои имале слични здравствени проблеми. Посебно внимание привлекува приказната за неговото срце.

  • Тоа беше тешко половина килограм, најчесто е тешко околу 300 грама. Имаше големо срце, срце на спортист, но имаше и срцева мана, откри Кастро кој беше прашан дали е точна информацијата дека Марадона бил погребан без срце.
  • Една група од навивачи на фудбалскиот клуб Гимнасија планираше да го украде неговото срце. Не успеаа затоа што нивниот план беше открие прд тие да го реализираат. Неговото срце беше извадено, поради истрагата. Мораше точно да се одреди причината за неговата смрт, додаде Кастро.