Предупредувачки штрајк во понеделник, наставата продолжува во вторник

99

Наставниците ќе штрајкуваат само на првиот училишен ден, на 2 септември. Наставата, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на информации од Синдикатот за образование, наука и култура, ќе продолжи во вторник на 3 септември.

Оттаму појаснуваат дека во понеделник ќе има само предупредувачки штрајк, а доколку до крајот на септември не се договорат со Министерството за образование тогаш ќе одлучат дали ќе одат и на генерален штрајк од почетокот на октомври.

Просветните работници бараат покачувањето да им биде 25 проценти,  наместо 5 отсто покачување  колку што им дава Владата.