Предметите на СЈО од денеска ќе се селат кај Јовески

63

Специјалното јавно обвинителство ги пакува предметите, кои од денеска ќе почнат да се пренесуваат во Републичкото јавно обвинителтво, кај обвинителот Љубомир Јовески.

Од СЈО вчера најавија дека се спремни веднаш да ги предадат предметите, односно станува збор за 19 истраги, стотина предистраги и петнаесетина случаи кои се во судска постапка.

Денеска во Кривичниот суд се закажани две рочишта за предметите „Титаник“ и „Тортура“, поради што останува неизвесно дали рочиштата воопшто ќе се оддржат.