Предавање за византиската икона низ делата на руските зографи

40

Предавање „Психологија на византиската икона низ делата на руските зографи“ ќе биде одржано вечер во организација на Рускиот центар при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје.

Предавач ќе биде монахињата Ана при МПЦ-ОА, зограф. Таа ќе се осврне на повеќе теми: што ја одделува византиската икона од другите уметнички дела, за создавањето на византиската икона – поглед преку делата од св. Андреј Рубљов, Московска школа и за боите и нивната симболика.

Предавањето ќе се одржи во Рускиот центар Скопје со почеток во 19 часот.