Предавања за позицијата на уметниците на пазарот на трудот

40

Во рамки на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори“, Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата организира предавања со дискусии за позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание. Ќе се дискутира и за меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме.

Предавањата ќе бидат проследени со дискусија на англиски јазик, со пренос во живо кој ќе може да се проследи на https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA

На 2 јули годинава предавање ќе има Елеонора Монтање (Италија/Франција) за „Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју“.

На 6 јули 2020 година предавање „Анималност, грижа и одговорност – Спекулативна одговорност за животинската сродност“ ќе има Алвизе Фавото (Италија/Велика Британија).

Програмски уреднички на серијата предавања со дискусии се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Виолета Качакова, а координатор Зорица Зафировска.

На 24 јуни предавање имаше и Катја Празник (Словенија/САД) за „Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста“.