Преговорите Белград-Приштина продолжуваат в понеделник

35

Специјалниот претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави нов круг преговори на експертско ниво в понеделник, на 28 септември.

Лајачак вели дека главните преговарачи на Белград и Приштина ќе разговараат за финансиските побарувања и имотите, но не и за Заедницата на српски општини.

„Заедницата на српски општини нема да биде на дневен ред, бидејќи едната страна не е подготвена да разговара за тоа. Тоа прашање мора да се реши како дел од сеопфатен договор, како што беше договорено на лидерската средба “, напиша Лајчак на Твитер.