Прегазен пешак на мостот „Гоце Делчев“/ФОТО

825

Според првичните информации, едно лице го загуби животот кога автомобил го прегазил во близина на пешачкиот премин пред мостот „Гоце Делчев“.

Фото: Алсат М

Според првичните информации во него удрило возило „БМВ Х5“ со кумановски регистарски таблички. Нема точни информации за возраста на прегазеното лице.

Во моментот, полициски екипи вршат увид на местото, а пристигната е и брза помош.

 

ПРВИЧНИ СОЗНАНИЈА: ОЈО за сообраќајната несреќа кај мостот „Гоце Делчев“