Превртено возило во Тафталиџе, патниците извадени од пожарникарите /фото

1027

Сообраќајна несреќа се случи утринава во Скопје во близина на Катастарот на РСМ.

Едно од возилата се превртело, па пожарникарите биле повикани да интервенираат. Како што информираше командатот на Бригадата за противпожарна бригада Владимир Симоновски во превртеното возила имало тројца патници, но тие не биле заглавени.

-Пожарникарите не мораа да интрервенираат со алат за сечење на возилото. Успеаја да ги извлечат патниците. За среќа сите се добро, објасни Симоновски.

фото: Ѕ. Плавевски