Превозниците ќе ја добијат финансиската помош од петтиот пакет мерки

37

Регистрираните превозници за меѓународен линиски и/или слободен превоз на патници конечно ќе ја добијат ветената финансиска поддршка од петтиот пакет мерки, одлучи Владата на вчерашната седница.

Мерките 7 и 8 од овој пакет креиран на почетокот на годинава им следуваат само на превозниците кои ги исполнуваат поставените услови.

-Со мерката 7 е предвидена финансиска поддршка на компаниите кои вршат меѓународен превоз на патници кои се запишани во регистарот на превозници што се води во Министерството за транспорт и врски, а кои вршат меѓународен линиски превоз на патници. Врз основа на анализата на горенаведените податоци, предлог пресметката опфаќа 50 компании со вкупен број на вработени 951 (со различен број на часови на кои се осигурени). Во предлог пресметката предвидено е да бидат исплатени 13.653.750 денари за исплата на компаниите., информираат од Владата.

Со Мерката 8 – Финансиска поддршка за превоз на патници во патниот сообраќај, е предвидена скалеста поддршка на транспортните компании регистрирани во регистарот на Министерството за транспорт и врски кои поседуваат лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, при што минималниот износ ќе изнесува 3.000 евра, а максималниот износ на поддршка ќе изнесува 10.000 евра.