Превентивно попрскување на улиците во Гази Баба

89

По задолжение на Координативниот штаб зимската служба нa општина Гази Баба, уште од синоќа е почнато со превентивно попрскување на улиците во високите населени места и надвозници со посебна течност за спречување од замрзнување на коловозот.

 На денешниот состанок Координативниот штаб издаде задолжение за приправност на зимската служба и истата веќе е распоредена на повеќе критични точки низ општината. Состојбата на терен се следи и согласно потребите ќе се делува – информира градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.