Прв смртен случај од коронавирус во Србија

156

Пациент (59) од Кикинда е првата жртва од коронавирусот во Србија.

Ова го соопшти премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која наведе дека мерките за изолација се единствената жанса здравствениот систем да се избори со коронавирусот.

„Во домашна изолација се 64 граѓани, на респиратори имаме 8 граѓани, и за жал имаме еден починат“, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека медицинските тимови се борат за осум животи и дека е одговорност на сите да се обидат да се заштитат себеси и локалната заедница со што е можно помалку излегување од дома.

„Од утре во 20 часот запира јавниот превоз, а од недела во 20 часот се затвораат ресторани, кафулиња и трговски центри се затворени, рече српската премиерка.